Един Џеко играше на свое второ Светско првенство со Босна и Херцеговина, а по елиминацијата во нокаут рунда, повеќе од две недели е на заслужен продолжен одмор.
Џеко си даде повеќе време за да донесе одлука за својата иднина со оглед на тоа што има 40 години, но откако ги ставил сите опции кои ги има на маса, се одлучил за најлогичната.
Иако имаше понуди од клубови од Серија А и од МЛС лигата, Џеко во новата сезона ќе го гледаме во Бундеслигата, и тоа како член на Шалке 04.
Един одигра важна улога во враќањето на Шалке во елитата во вториот дел од сезоната, па сега пресудил да одигра во синиот дрес и во најсилната Бундеслига.
Упорноста на спортскиот директор Бауман и тренерот Муслиќ го натерале да се согласи на верност од дополнителни 12 месеци, па откако дал збор, за очекување е да биде промовиран како старо-нов фудбалер во седмицата која претстои.







