Реал Мадрид во најскоро можно време треба да го добие петтото летно засилување во името на Јан Диоманде, но додека со „кралскиот клуб“ се поврзува и други ѕвездени имиња како Родри и Олисе, вреди да се напомене дека во шпанската престолнина мора да се направи и мала чистка.
Диоманде ќе биде петта летна аквизиција за Жозе Муроњо по Конате, Дамфрис, Силва и Кукурелја, но пред да се размислува на нови понуди за играчи кои треба да го сочинуваат проектот на португалскиот стручњак, во периодот од наредните 10 дена се очекува да се решат иднините на шест првотимци.
Во раната фаза од месец август, Реал Мадрид ќе донесе конечна одлука за иднината на Винисиус Жуниор кој стана главна мета на Арсенал, но и на уште пет првотимци чиј статус е неизвесен.
Брахим Дијаз и Камавинга ќе треба да проценат дали ќе се согласат да бидат дел од тим во кој ќе имаат значително помала минутажа, додека уште тројца играчи се поблиску до излезните врати, отколку до останување.
Гонсало Гарсија и Мастантуоно ќе бараат шанса во други клубови и тоа е планот кој го има Реал Мадрид во овој момент, а истото важи и за стоперот Асенсио кој не влегува во плановите на Мурињо.







