Клаусура шампионатот во Аргентина стартуваше неколку дена по крајот на Светското првенство, а воведната рунда ова лето донесе и еден неочекуван резултат кој малку кој можеше да го замисли.
Фаворизираната Бока Јуниорс претрпе тежок пораз на гостувањето кај Депортиво Риестра, но начинот на кој беше затворен натпреварот е навистина спектакуларен.
Третиот гол беше дело на Александер Диаз, а начинот на кој успеа да се прослави направи да стане вирален хит во Јужна Америка.
Медиумите од Аргентина велат дека овој погодок заслужува да биде номиниран за „Пушкаш“ наградата на ФИФА, особено поради фактот што Диаз претрча околу 70-тина метри пред да го лобува два метри високиот голман на Бока.
Тешкиот пораз на Бока направи тимот од Буенос Аирес да биде на последното место по воведната рунда на Клаусура шампионатот во Аргентина, додека Риестра лидер благодарение на трите постигнати гола.
⚽el tercer gol de riestra es un golazo maestro.
— Diego David Romano 🇦🇷 (@DDRViralArg) July 26, 2026
ALEXANDER DÍAZ Y UN GOL PARA PUSKÁS. RIESTRA GOLEA 3-0 A BOCA. #deportivoriestravsbocajr #deportivoriestra #bocajr #LPF #afairxengfa #futbolargentino pic.twitter.com/qSnNQ44xlb







