Битката за топ четири пласман во француската Лига 1 е исклучително возбудлива, а од вчера е уште поизедначено и четири тима се во игра за местата кои водат во Лига на шампиони.
Дербито меѓу Монако и Марсеј беше директна пресметка за четвртата позиција, но иако Марсеј беше подобар во сите статиситчки показатели, тимот од кнежевството покажа дека игра со огромна самодоверба.
Монако ја запиша седмата победа во низа во Лига 1 и сериозно влезе во трката за место во Лигата на шампиони, а потврда на триумфот вчера донесе Фоларин Балогун.
Напаѓачот на Монако режираше вистинска лоб мајсторија за најавните шпици, па и Лига 1 уште отсега го прогласи овој погодок за гол на сезоната.
Мајсторијата на Балогун сигурно ќе се врти во најавите за француското фудбалско првенство, но истата во оваа ситуација донесе и исклучително важна победа со која Монако се израмни со четвртопласираниот Марсеј.
















