[ВИДЕО] Бразилка се обиде да ги „измами“ судиите! По удар од противничката глумеше дека е во несвест, па настана хаос

Точка

05/04/2026

16:54

971

Големина на фонт

а а а

Борката Диона Барбоса ја победи Мелиса Гато на „UFC Vegas 115“, а мечот го одбележа спорен удар и наводно глумење несвест, што предизвика бурни реакции во ММА заедницата.

Победата на Диона остана во сенка на контроверзниот момент во октагонот, бидејќи дуелот беше обележан со спорен удар со нога и долга пауза во текот на борбата, а дел од публиката и борците тврдат дека Гато одглумила губење на свест.

До инцидентот дојде во втората рунда кога Барбоса, за време на транзиција на подот, изведе т.н. „soccer kick“ односно „фудбалски удар со нога“ кој ја погоди Гато и направи да изгледа како да ја изгубила свеста. Судијата Крис Тоњони веднаш ја прекина борбата, по што следуваше долга пауза. Снимката од контроверзната ситуација беше прегледана од повеќе агли за да се утврди дали колената на Мелиса Гато биле на подот во моментот на ударот.

По консултација со медицинскиот тим, беше донесена одлука на Барбоса да не ѝ се додели дисквалификација за ударот. Сепак, ѝ беше одземен еден бод и борбата продолжи.

И покрај казната, Барбоса ја заврши борбата и победи со мнозинска одлука на судиите – двајца ја бодуваа 29-27, додека третиот судија даде нерешено 28-28.

Хаотичниот момент предизвика бројни реакции во ММА заедницата, а особено одекна изјавата на „UFC“ борецот Чарлс Џонсон. Тој ја бранеше Барбоса и ја обвини Гато за глума.

„Не е прекршок. Ако коленото повеќе не е на подот, ударот е легален, без разлика на положбата на рацете. Тука целосно се греши, таа одглуми несвестица за да изнуди казнен поен. По прегледот, борбата требаше да биде прекината, а победата да ѝ се додели на Барбоса со нокаут – изјави борецот.