Винисиус: Не можев да воспоставам конекција со Чаби, со Арбелоа е сосема поинаку

Дерби

06/04/2026

15:28

156

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор остави зад себе доста непријатен период во кој наиде на жестоки свирежи и од фановите на Реал Мадрид, но значителното подигнување на формата направи Бразилецот во овој момент да биде еден од најдобрите во тимот на Алваро Арбелоа.

Крилниот напаѓач значително ја подигна формата по тренерската смена на „Сантијаго Бернабеу“ и се чини дека ужива под водство на Арбелоа, нешто што не беше случај со Чаби Алонсо.

Не само што имаа вербален конфликт за време на „Ел Класико“, Винисиус не беше задоволен и од минутажата која ја добива, па во пресрет на дербито со Баерн Минхен во Лигата на шампиони, отворено призна дека не воспоставил добра конекција со наследникот на Карло Анчелоти.

– Минав низ тежок период, играв на доста натпревари, но не добивав посакувана минутажа. Секој тренер си доаѓа со свои методи и со свои замисли. Не можев да воспоставам добра конекција со Чаби, не можев да се поврзам со она што го бара од тимот, – изјави Винисиус кој беше единствениот играч од првиот тим кој не го поздрави Алонсо откако заработи отказ.

– Тоа беа моменти од кои многу научив, соиграчите ми помогнаа во тој период. Сега со Арбелоа конекцијата е фантастична, од првиот момент ми даде доверба и од прв ден ми кажа што бара од мене. Подготвен сум да го давам најдоброто од себе на секој натпревар за него, но и за Реал Мадрид, – изјави Вини.