[ВИДЕО] Легендарен играч на Атлетико го шокираше Симеоне со својот став за црвениот картон за Барса: Подобро да не го слушав

Дерби

06/04/2026

15:30

263

Големина на фонт

а а а

Дербито меѓу Атлетико Мадрид и Барселона донесе голема борба на теренот, но и нерамноправна битка во вториот дел бидејќи домаќините играа со човек помалку.

Нико Гонзалес заслужено беше исклучен пред крајот на првиот дел и го остави својот тим на цедило, па и покрај тоа што на стартот на вториот дел се доби впечаток дека силите ќе бидат израмнети, судиите во ВАР собата проценија дека треба да биде поништен црвениот картон за Жерард Мартин.

Младиот дефанзивец на Барселона избегна најстрога казна и беше помилуван од луѓето во ВАР, а бидејќи оваа одлука предизвика бес во домашниот табор, посебно внимание предизвика и едно видео кое стана вирално.

Хуанфран како поранешен играч и легенда на Атлетико објаснуваше дека судиите донеле вистинска одлука и дека со право бил поништен црвениот картон за Мартин, но во дадената ситуација, не знаеше дека Диего Симеоне во живо го слуша неговото обраќање за „ДАЗН“.

Во моментите кога Чоло се вклучи во преносот, на Хуанфран му падна крајно незгодно, но Аргентинецот само нагласи:

– Подобро да не го слушав што зборува….., – изјави Симеоне.