[ВИДЕО] Младинец на Сосиедад дебитираше во Ла Лига, пријателите му приредија изненадување кое ја обиколи цела Шпанија

Дерби

06/04/2026

15:39

182

Големина на фонт

а а а

Реал Сосиедад ја мина почетната криза која ја имаше на стартот на сезоната и веќе некое време плива во сигурни води, но после последните резултати, слободно може да мисли и за излез во Европа.

Најновата рунда во Ла Лига почна токму со победа на Реал Сосиедад против Леванте со резултат 2:0, а овој меч ќе остане во вечно сеќавање на Ибаи Агире.

Талентираниот фудбалер на Сосиедад дебитираше за првиот тим на 19-годишна возраст, па првиот меч во Ла Лига доби посебно значење и поради изненадувањето кое му ги приредиле неговиот најблиски пријатели.

Агире кој сезоната ја започна како член на Ц тимот на Сосиедад, во овие моменти доживува нешта кои сигурно нема да ги заборави до крајот на животот, а во целата еуфорија се придружија и неговите пријатели.

Во моментите кога се враќал во родниот град Мутрику, Агире бил пресретнат од своите најблиски пријатели, а видеото брзо стана вирален хит во Шпанија.