[ВИДЕО] Инѕаги ја прекина играта за да го промени изведувачот на аути, Тео Ернандес не можеше да поверува што гледа

Дерби

06/04/2026

11:00

284

Големина на фонт

а а а

Ал Хилал направи нов чекор назад во шампионската битка со Ал Наср и му дозволи на ривалот на отиде на плус пет на табелата, откако тимот на Симоне Инѕаги киксираше со Ал Тавон на домашен терен.

Фаворитот не ги оправда очекувањата и киксираше откако претходно го доби дербито со Ал Ахли, а во завршната фаза од мечот, пристигна и сцена која стана вирална.

Откако Ал Хилал израмни на 2:2, домаќините се обидоа на секакви начини да стигнат и до трет гол, но една луда идеја на тренерот Инѕаги се најде во центарот на вниманието.

Поранешниот тренер на Интер му ја одзема топката на Тео Ернандес и реши да го одложи изведувањето на аут, се со цел прекинот да биде изведен од друг играч.

Инѕаги го стави во игра Лајами и му даде за задача да го изведе аутот, па и покрај тоа што инсистираше тоа да се случи, на крајот акцијата заврши без опасност.