[ФОТО] „Што ѝ е со лицето?“: Една од најубавите жени во светот изгледа непрепознатливо

Кармин

27/02/2026

09:32

290

Големина на фонт

а а а

Славната манекенка Роузи Хантингтон-Вајтли се појави на модната писта за време на ревијата на брендот „Burberry“ на Модната недела во Лондон, а од првиот ред гордо ја набљудуваше нејзиниот вереник, актерот Џејсон Стејтам.

38-годишната манекенка претстави парчиња од колекцијата за есен и зима 2026 година, но нејзиниот изглед предизвика бурна расправа.

„Изгледа толку поинаку“, гласи еден коментар. Наскоро започнаа и шпекулации за естетски зафати. „Дали вградила имплант во брадата?“, прашал еден корисник, а друг напишал: „Што се случи со нејзиното лице? Штета. Беше природна убавица, зарем почна со ботокс?“.


Промените на лицето низ годините ги припишала на „природни процеси“

Сепак, многумина застанаа во одбрана на манекенката, истакнувајќи дека за нејзиниот изглед постојат поедноставни објаснувања. „Луѓето треба да се опуштат околу нејзиното лице“, напиша еден обожавател. „Буквално пристигна во Сиднеј пред два или три дена по долг лет. Џет лаг е реален, а самото осветлување може целосно да промени како некој изгледа на фотографиите“.


Роузи, која со децении важи за една од најубавите природни манекенки, никогаш јавно не зборувала за естетски корекции. Меѓутоа, во интервју за „C Magazine“ во 2019 година изрази претпазливост кон таквите зафати. „Мислам дека мора да носите навистина информирани одлуки, тоа би бил мојот совет“, изјави тогаш.

Промените на своето лице низ годините ги припишала на природни процеси. „Ќе ослабете, ќе ги извадите протезите... научив да се шминкам, научив каде да нанесам сенки, вистинската боја на коса за мене, вистинската форма на веѓите, сите тие работи прават огромна разлика. Многу жени се пронаоѓаат со годините. Секако чувствувам дека се пронајдов како што стареев“, објасни манекенката.


Со Стејтам има две деца

Роузи и Џејсон се верија во 2016 година и имаат две деца, осумгодишниот син Џек и тригодишната ќерка Изабела. Манекенката минатата година откри дека семејството по една деценија живот во Лос Анџелес се преселило назад во Лондон и дека сега речиси секојдневно ги гледаат родителите на Џејсон.


„Децата растат како Британци, имаат британски акценти и овде имаме одличен систем на поддршка“, изјави тогаш за „The Times“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk