[ФОТО] Нова фризура, прекрасни обетки, но сите гледале во него: Малиот црн фустан во режија на Пенелопе Круз ги „украл“ сите погледи

Кармин

26/02/2026

14:47

517

Големина на фонт

а а а

Актерката Пенелопе Круз вчера го претставила едно од своите најатрактивни модни изданија што сме ги виделе во последниве години.

Во лондонскиот хотел „Коринтија“ вчера се одржала премиерата на нејзиниот најнов филм „Невестата“ (The Bride) во кој глуми заедно со Џеси Бакли, Кристијан Бејл, Џејк Џиленхол и Питер Сарсгард.

За оваа пригода, шпанската актерка избрала црн атрактивен фустан кој ги „украл“ сите погледи.


Круз овојпат демонстрирала одлична шминка во земјени тонови, со ајлајнер и розов кармин, а лицето дополнително го издолжила со висечки барокни обетки од брендот Роберто Кавали, украсени со цветни мотиви, црвени камења и бисери.


Новата боб-фризура со шишки дошла до израз и одлично се вклопила во целокупното издание.


Сепак, ретко кој можел да го задржи погледот на лицето на популарната актерка откако го видел остатокот од комбинацијата.


Малиот црн фустан во режија на Пенелопе Круз ги воодушевил сите присутни.


Овој пат актерката направила исчекор, со оглед на тоа што сме навикнати да ја гледаме во изданија на Шанел.

Избрала креација од францускиот дизајнер Симон Порт Жакемус од колекцијата есен/зима 2026/2027 година.


Црниот миди-фустан имал длабок кружен изрез во горниот дел и долги ракави и ја истакнал нејзината фигура.

Долниот дел се ширел, а го краселе декоративни детали налик на реси, кои му дале динамика и текстура на фустанот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk