Полната Месечина на 3 март се случува во знакот Девица и воедно претставува целосна лунарна еклипса, позната како „крвава Месечина“, пишува „Атма“.
Астрономски, Земјата тогаш ја засенува сончевата светлина што паѓа врз Месечината, поради што таа добива црвенкаста нијанса. Иако еклипсата нема да биде видлива од сите подрачја, нејзиното астролошко влијание ќе се почувствува преку засилени емоции, настани и внатрешни пресврти.
Астролошки, станува збор за кулминација на оската Девица–Риби, која ги нагласува темите ред и хаос, секојдневие и предавање, контрола и доверба. Месечината е во практичната и аналитична Девица, а Сонцето во интуитивните и чувствителни Риби. Фокусот паѓа на здравјето, навиките, работата, но и на довербата во животот и внатрешниот водич.

Оваа еклипса го засилува сè што веќе извесно време „вриe“ во позадина. Во март 2026 година се случуваат и значајни планетарни движења, меѓу кои и завршувањето на ретроградното движење на Јупитер во Рак – што носи олеснување во сферите на домот, сигурноста и емоционалната стабилност.
За сите знаци оваа Месечина носи појасна слика за тоа што повеќе не функционира. Но, пет знаци влегуваат во особено поволна фаза по 3 март.

Кај Овните фокусот паѓа на здравјето, рутината и границите. Доколку во изминатиот период сте биле во постојана акција и исцрпеност, оваа еклипса носи отрезнување и потреба за поразумно насочување на енергијата.
Можно е да донесете конкретни одлуки: промена на работниот ритам, воведување поздрави навики, преглед или терапија. Среќната фаза не доаѓа како драматичен пресврт, туку како чувство на внатрешен мир и подобра контрола над секојдневието.
За Лавовите следува обновување на самодовербата. По период во кој можеби сте се чувствувале недоволно ценети, по 3 март доаѓа потврда за вашата вредност.

Можни се позитивни вести поврзани со финансии, работа или јавна признателност. Во љубовта се појавува повеќе топлина и почит. Ова е време кога ја препознавате сопствената вредност без потреба од претерано докажување.
Бидејќи еклипсата се случува во вашиот знак, влијанието е најсилно. Можно е прво да почувствувате напнатост, но токму тоа ќе ви помогне да увидите што мора да се промени.

По 3 март следува олеснување – особено во здравјето и работата. Делегирање обврски, нов распоред или подобра организација ќе донесат повеќе простор и мир. Емоционално, се намалува самокритиката, а се зголемува реалната самопочит.
Скорпиите излегуваат од интензивен внатрешен процес. Можно е конечно да затворите поглавје – однос, навика или емоционален товар што ве исцрпувал.

По еклипсата се чувствува полесно дишење и ослободување од старите модели. Во односите се појавува поголема искреност и стабилност, а во работата соработки што ве поддржуваат наместо да ве исцрпуваат.
За Стрелците ова е период на фокус и конкретизација. Наместо многу идеи без насока, сега избирате јасен правец.

Особено се нагласени темите поврзани со кариера, образование и странство. Одлуките што ги носите сега имаат долгорочно значење. Среќната фаза се препознава по чувство дека конечно се движите напред – со јасна цел и вистинските луѓе покрај себе.