[ФОТО] Жешките облини се тука, но и нејзиното „старо“ лице: Ријалити убавицата ги извадила филерите?

Кармин

25/02/2026

10:45

901

Големина на фонт

а а а

Парот кој несомнено привлекува најмногу внимание уште од првиот ден кога ја објавија врската – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе – се појавиле заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а ријалити ѕвездата останала доследна на своето „правило“ и не сакала да го привлекува вниманието кон себе кога е во негово друштво.

Сакала таа или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога е со Тимоти, нивната врска станува главна тема.

На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блеснала во црн елегантен фустан украсен со крупни циркони, меѓутоа тоа не беше она што на сите им го привлекло вниманието. Имено нејзиниот природен изглед станал предмет на коментари, а многумина шпекулираат дека ги извадила филерите од усните.


„Изгледа како порано“, „Изгледа помладо, но и поприродно“, „Вака е многу поубава, како помлада верзија од себе“, се само дел од коментарите.


Кајли и претходно била мета на коментари поради естетските корекции, а како што и самата признала, почнала со зголемување на усните уште како тинејџерка затоа што била несигурна. Пред осум години тврдела дека ги извадила филерите, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека повторно ги ставила.


Во секој случај, сега навистина изгледа како филерите да ги отстранила и судејќи според коментарите, конечно ја воодушевила публиката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk