[ФОТО] Пристигнуваат новите патики „Jacquemus x Nike“ и веќе станаа глобална сензација

Кармин

20/02/2026

14:02

462

Големина на фонт

а а а

„Jacquemus“ ги претставува новите колор-варијанти на „Nike Moon Shoe за пролетта 2026.

Откако минатата година привлече големо внимание со оживувањето на првите „Nike патики“, моделот „Moon Shoe“ од 1972 година, „Jacquemus“ ги враќа повторно за пролетта 2026, овој пат во три нови бои – во нијанси „Soft Pearl“, „Fauna Brown“ и „Aluminum Pink“.


Овој париски моден бренд внел модерен балетски пресврт во силуетата со тркачко наследство.


Горниот дел со низок профил е изработен со благо набран ефект, со суптилни перфорации кои ја подобруваат проветрливоста, а сепак го задржуваат елегантниот, минималистички изглед на моделот.


Исто така, тенката подница е изработена од рециклирана гума, што носи современ и одржлив пристап во дизајнот.


И пакувањето зрачи со изразена винтиџ естетика, вклучувајќи ја класичната ознака „Blue Ribbon Sports“, што е омаж на раните корени на брендот „Nike“.


И штом осамна оваа вест, многумина се согласија дека ова е еден од најубавите новитети за 2026 година кога станува збор за обувки.

Моделите делуваат многу префинето и романтично, а покрај тоа, многу лесно се вклопуваат во различни стилинзи.


Инаку, минатата година „Lyst Index“ рангираната листа ги вклучи првобитните „Nike x Jacquemus Moon Shoe“ патики во списокот на најбарани производи воопшто (не само патики).


Рачната изработка на Бил Баурман, оригиналните „Moon Shoe“ патики, тогаш првпат станаа предмет на нова рееинтерпретација и добијаја нов живот преку соработката на куќата „Nike“ и Симон Порт Жакемус, кој го редизајнираше овој легендарен модел за новата генерација.

„Moon Shoe“ патиките го комбинираат тркачкото потекло на оригиналниот модел со модерната балетска естетика, создавајќи современа, ниска „торпедо“ патика која ја отсликува едноставноста на париската дизајнерска филозофија на Жакемус и динамичноста на спортското наследство на брендот „Nike“.

А сега нивната соработка оди уште подалеку и ни го носи овој модел во прекрасни нови бои.


На официјалниот сајт на „Jacquemus“ стои дека цената ќе изнесува 180 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk