Моќниот Меркур, планетата која во астрологијата управува со комуникацијата, информациите, договорите и логистиката, ќе биде ретрограден од 26 февруари до 20 март 2026 година, додека Меркур сè уште се наоѓа во знакот Риби.
Ретроградниот Меркур најчесто се поврзува со недоразбирања, доцнења и технички проблеми. Во тој период работите што инаку ги правиме рутински, како допишување, планирање патувања или потпишување договори, можат да излезат од контрола или да бараат дополнително внимание.
Кога ретроградниот Меркур се случува во знакот Риби, неговата енергија делува особено комплицирачки и интензивно, бидејќи Рибите ги засилуваат емоциите, имагинацијата и интроспекцијата, додека логиката и јасноста на мислите можат да бидат послабо изразени.

Меркур владее со комуникацијата, како и со деловните односи, документите, договорите, пораките и сите видови спогодби.
Кога оваа планета „ќе се сврти наназад“, како повторно да се прави преглед на сè што веќе е направено, па почесто се појавуваат сосема неочекувани недоразбирања во разговорите, пораките и имејловите можат да бидат погрешно протолкувани, важните документи да содржат сериозни грешки, може да дојде до промени на плановите, дефекти на уредите и прекини на интернет-врската – и тоа во најнезгоден момент …
Токму затоа астролозите не советуваат во овој период да започнувате важни работи.
Овој датум се издвојува бидејќи тогаш се поклопуваат повеќе напнати аспекти што ги засилуваат типичните проблеми на ретроградниот период.
Во тој момент Меркур е длабоко ретрограден, односно забавен, конфузен и дезориентиран и се наоѓа во знакот Риби, што носи засилени емоции, замаглување на работите и погрешни процени.
Оваа планета, исто така, прави напнат аспект со Марс, што ја засилува импулсивноста, конфликтите и избрзаните одлуки. Истовремено, Меркур е под силно влијание на Нептун, па се појавуваат и заблуди и погрешни информации.

Тоа е комбинација што носи:
• погрешно толкување на пораки,
• избрзани реакции поради повредено его,
• потпишување нешто што подоцна ќе бара исправки,
• технички грешки,
• изговарање зборови што не можат да се повлечат.
Можно е да зажалите за порака што ќе ја испратите на 14-ти март, да донесете одлука од инает и потоа да сфатите дека е на ваша штета. Не е исклучено да влезете во расправа иако немате доволно факти или аргументи, како и погрешно да го протолкувате соговорникот.

Ако можете, тој ден искористете го за ревизија на постојните планови и да завршите нешто што веќе сте го започнале, наместо да започнувате нешто од почеток. Доколку е апсолутно неопходно да потпишете нешто на 14-ти март, задолжително внимателно проверете ја документацијата.