Намирница број еден за здравјето на срцето: Занемарена е неправедно – преполна со витамин К и Ц

Точка

19/02/2026

15:02

665

Големина на фонт

а а а

Еден од најважните начини за зачувување и подобрување на здравјето на срцето е правилната исхрана.

Одредени намирници имаат поволно влијание на кардиоваскуларниот систем, а меѓу нив се издвојува прокељот.

„Прокељот е една од најдобрите опции за здравјето на срцето иако многу луѓе за тоа воопшто не размислуваат“, вели кардиологот д-р Карл Лави Помладиот.


Со нив се согласува и нутриционистката Елана Наткер, магистер по наука која истакнува:

„Прокељот често е занемарен, а исклучително здрав избор за срцето е поради повеќе причини“.

Во продолжение ви даваме објаснување зошто овој мал зелен зеленчук има толку важно влијание на кардиоваскуларното здравје.

1. Богат извор на растителни влакна

Растителните влакна се едни од најважните нутриенти кои поголем дел од луѓето не ги внесуваат во доволни количини, а прокељот го содржи во изобилство. Според податоците на Министерството за земјоделие на САД, една шолја прокељ содржи околу 6 грама растителни влакна.

Студија од 2022 година, објавена во магазинот „Springer Nature Link“, покажала добро дејство на растителни влакна на здравјето на цревата може посредно да го подобри здравјето на срцето.

2. Исклучителен извор на витамин К

За овој витамин сѐ почесто се говори помалку отколку другите, но тој има поголема улога во зачувување на здравјето на срцето. Прокељот е еден од најдобрите извори на витамин К – една шолја варен прокељ содржи дури два и пол пати повеќе од препорачаната дневна доза.

3. Природни нитрати за подобра циркулација

Иако нитратите често имаат лоша репутација, природните нитрати од зеленчукот, вклучувајќи го и прокељот, можат да бидат многу корисни за срцето. Тоа го потврдува студија од 2023 година објавено во магазинот „ScienceDirect“.

Кога ќе се внесе преку храната, природните нитрати во телото се претвораат во азот-оксид, соединение кое ги шири крвните садови. На тој начин се подобрува крвотокот, се намалува крвниот притисок и ја олеснува работата на срцето.


4. Висока содржина на витамин Ц

Прокељот е и еден од најважните извори на витамин Ц. Една шолја обезбедува речиси целокупна дневна потреба за овој антиоксидант.

Витаминот Ц помага во неутрализирање на слободните радикали кои можат да ги оштетат крвните садови и да придонесат во развојот на атеросклероза.

5. Калиум за рамнотежа на крвниот притисок

Калиумот е уште еден важен минерал присутен во прокељот. Една шолја варен прокељ содржи околу 10 отсто од препорачаната дневна вредност на калиумот.

Овој минерал има клучна улога во регулирање на крвниот притисок затоа што помага да се ублажат штетните ефекти од натриумот кои често се внесуваат во преголеми количини. Освен тоа, доволното внесување на калиумот се поврзува и со помал ризик од мозочен удар.