Студија: Изложеноста на загаден воздух го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест

Точка

19/02/2026

14:46

220

Големина на фонт

а а а

Луѓето што се изложени на повисоки нивоа на загадување на воздухот во текот на целиот живот имаат поголем ризик од развој на Алцхајмерова болест, покажала нова студија од американскиот универзитет Емори, пишува „Еуронуз“.

Загадувањето на воздухот влијае директно на мозокот, а не посредно преку хроничните болести како што се хипертензија (висок крвен притисок), мозочен удар и депресија, што се исто така фактори на ризик за деменција, откриле научниците.
„Еуроњуз“ пишува дека најсилната поврзаност помеѓу загадувањето и Алцхајмеровата болест е забележана кај луѓе кои претходно имале мозочен удар.


Тим истражувачи го споредил нивото на изложеност на ситните честички (ПМ 2.5) со зачестеноста на Алцхајмерова болест и улогата на три вообичаени придружни болести (коморбидитети).

Ситните честички се особено опасни бидејќи можат да продрат длабоко во белите дробови и крвотокот, а главните извори вклучуваат издувни гасови од возила, термоцентрали, индустриски активности, шумски пожари и согорување на дрво или фосилни горива во домаќинствата.

Авторите на студијата нагласуваат дека долготрајната изложеност на ситните честички го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, хипертензија и нарушувања на менталното здравје.


Истражувањето, објавено во списанието „ПЛОС медисин“, анализирало податоци од повеќе од 27 милиони луѓе над 65 години.

Светската здравствена организација (СЗО) поставила глобални цели за намалување на ситените честички до 2030 година, а планот за 2025 и 2040 година предвидува намалување од 50 отсто на смртните случаи предизвикани од загадувањето на воздухот во споредба со 2015 година.

Според податоците на СЗО, повеќе од 55 милиони луѓе ширум светот живеат со деменција, а Алцхајмеровата болест сочинува до 70 отсто од случаите.


Околу 12,1 милиони луѓе со деменција се регистрирани во Европа во 2025 година, при што жените се најпогодени, сочинувајќи околу 66 отсто од случаите