Во последните години сè почесто се зборува за таканаречената „сексуална рецесија“, а податоците покажуваат дека генерацијата Зет има помалку сексуални односи во споредба со претходните генерации. Сепак, најновото истражување открива дека ситуацијата значително варира од град до град.
Магазинот „Тајм аут“ (Time Out) анализирал резултати од анкета во која 18.500 жители на големи светски градови одговориле на прашањето колку често имаат сексуални односи. Листата е рангирана според процентот на испитаници кои изјавиле дека имаат интимни односи „најмалку еднаш неделно“.
На првото место, со ист резултат, се најдоа Макао и Краков, каде 67 отсто од анкетираните изјавиле дека имаат секс барем еднаш неделно.

Веднаш зад нив се Гвадалахара, Сао Паоло и Луксембург со 66 проценти, додека Порто го зазема третото место со 64 проценти.
Генерално гледано, Бразил е прогласен за „најсекси“ земја, бидејќи дури три нејзини града се најдоа меѓу првите 20, додека Мексико има два града на листата.
Ова се 20-те градови во кои, според истражувањето, најчесто се води љубов:
1. Макао, Кина
2. Краков, Полска
3. Гвадалахара, Мексико
4. Сао Паоло, Бразил
5. Луксембург, Луксембург
6. Порто, Португалија
7. Марсеј, Франција
8. Бангкок, Тајланд
9. Рио де Жанеиро, Бразил
10. Панама Сити, Панама
11. Кембриџ, Обединето Кралство
12. Неапол, Италија
13. Меделин, Колумбија

14. Брисел, Белгија
15. Ханој, Виетнам
16. Богота, Колумбија
17. Мексико Сити, Мексико
18. Ротердам, Холандија
19. Бразилија, Бразил








