[ВИДЕО] Термална ривиера блиску до Белград: Базен на отворено каде можете да се капете додека врне или паѓа снег

Точка

19/02/2026

13:31

563

Големина на фонт

а а а

Овој комплекс има голем надворешен базен со природна минерална вода чијашто температура се движи помеѓу 30 и 37 степени, така што можете да се капете и додека врне дожд или снег.

„Citymagazin“ ја посетил оваа термална ривиера во Богатиќ. Како што пишува порталот покрај надворешниот базен во внатрешноста постојат уште два базени и еден помал-детски, сите исполнети со истата минерална вода.

Во рамки на базенскиот простор достапни се сауна и парна бања, додека надвор постои и минерална кал која поради временските прилики не може секогаш да се користи.


Како што пишува порталот постојат апартмани веднаш до базените, а моментално постојат три куќички секоја со по два апартмани. Опкружени се со долга патека за џогинг, особено погодна за вечерна прошетка.

Базените работат до 22:30 часот, така што посетителите имаат сосема доволно време за уживање.

Кога станува збор за цените, истите се навистина пристапни – ноќевање со појадок чини нешто повеќе од 1.000 денари, додека влезот за базените се плаќа 1.000 денари, плус сауна околу 500 денари, ако одите само да се капете. Исто така како што пишува „citymagazin“ и цената на храната и пијалаците е навистина пристојна.