Јута Лирдам, според многумина најубавата спортистка на планетата, го сруши олимпискиот рекорд и стигна до златниот медал во дисциплината 1.000 метри брзо лизгање.
Фемке Кок го сруши олимпискиот рекорд во трката пред неа (1:12,59) и тој рекорд беше олимписки рекорд цели 10 минути.
Веќе во следното излегување на мразот Лирдам успеа да стигне до 1:12,31 и така го освои олимпиското злато и покажа дека Холандија е суперсила на која никој ништо не ѝ може во брзо лизгање.
Олимписката шампионка го оствари сопствениот сон затоа што пред четири години во Пекинг го освои сребрениот медал. На Европското првенство во Хамар освои три златни и еден сребрен медал пред три години, а потоа станала двократна шампионка на светот на 1.000 метри во поединечна и екипна конкуренција.
Уште ова ѝ недостасувало за круна во кариерата, па не е ни чудно што почнала да плаче на самиот мраз. Не можела да се смири, ниту таа, но ни Џејк Пол, еден од најпознатите јутјубери на денешницата (иако многумина тоа не го признаваат како занимање сепак вистината е дека заработува многу, многу повеќе пари отколку некое традиционално занимање), којшто веднаш ја искористил можност да ја прегрне.
Таа сцена од тунелот масовно ја споделуваат сите, а истата добила над 300.000 допаѓања.
Исто така и тој плачел во ледената сала, а плачела и таа затоа што ова била кулминацијата на циклусот од четири години сурови подготовки. Колку ѝ значело сето ова се видело по реакцијата затоа што на социјалните мрежи се објавени и видеа и фотографии кога поминува низ целта со кратка порака:
„Не Јуто, не сонуваш – само го живееш сонот“.




















