Вон заработила богатство за само 12 секунди на патеката, дури 13 пати повеќе отколку за медалот во 2018 година

Точка

10/02/2026

16:51

645

Големина на фонт

а а а

Американската скијачка Линдзи Вон ќе заработи 200.000 долари за учество на Зимските олимписки игри, иако нејзиниот настап заврши по само 12 секунди поради тежок пад за време на спустот во Кортина д’Ампецо.

Вон (41) за време на возењето доживеа сериозна несреќа, при што се здоби со сложена фрактура на ногата. Со хеликоптер итно беше префрлена во болница, каде што беше подложена на оперативен зафат, со што нејзиниот настап на Олимписките игри дефинитивно беше завршен.

И покрај тоа, искусната Американка ќе го добие целиот износ на предвидената награда, бидејќи Американскиот олимписки и параолимписки комитет воведе нов модел на наградување според кој самото учество на Зимските олимписки игри на спортистите им носи 200.000 долари (повеќе од 180.000 евра), без оглед на пласманот или постигнатиот резултат.

Оваа промена на системот на наградување е овозможена благодарение на донација од 100 милиони долари што на Американскиот олимписки и параолимписки комитет му ја упати милијардерот Рос Стивенс.


На претходните Олимписки игри во Париз, американските спортисти за освоените медали добиваа значително помали износи: 37.500 долари за златен медал, 22.500 за сребрен и 15.000 долари за бронзен медал.

Токму таков износ Линдзи Вон доби и по освојувањето на бронзата во спуст на Олимписките игри во Пјонгчанг во 2018 година.