Грилиш ја доби најлошата можна вест, па порача: Скршен сум

Дерби

10/02/2026

14:47

552

Големина на фонт

а а а

Џек Грилиш извонредно ја почна новата натпреварувачка сезона и многу брзо се претвори во миленик меѓу фан базата на Евертон, но кога требаше да му помогне на тимот да се бори за местата кои водат во Европа, поранешниот англиски репрезентативец доживеа голем шок.

Офанзивниот фудбалер не му стоеше на располагање на Дејвид Мојс на последните три меча, а после детални прегледи и совети со експерти, на Грилиш му беше препорачано да направи операција.

Непријатна фрактура на стапалото ја завршува сезоната на Грилиш уште во раната фаза на месец февруари, па самиот Џек не крие дека е скршен и уништен од оваа вест.

– Не сакав сезоната да заврши на ваков начин, но тоа е фудбалот, навистина сум скршен. Направена е операција и сега се фокусирам на враќање во форма. Сигурен сум дека ќе се вратам посилен и подобар од претходно. Поддршката која ја добив откако дојдов во овој неверојатен клуб ми значи се.

– Персоналот, моите соиграчи, а особено навивачите се неверојатни и ќе направам се за да го претставувам овој клуб и во иднина. Ќе ги поддржувам момците докрај и ќе направам се за да се вратам што е можно поскоро. Ви благодарам уште еднаш за целата љубов која ми ја давате, тоа ми значи многу, – порача Грилиш од болничкиот кревет.