[ВИДЕО] Градот „под еден покрив“: Сите жители живеат во иста зграда од 196 станови – како изгледа тоа?

Кармин

15/12/2025

11:24

705

Големина на фонт

а а а

Некогаш единствениот пат до малото гратче Витиер на југозападот од Алјаска бил со брод или воз, кога временските услови го дозволувале тоа. Меѓутоа, откако железничкиот тунел од Втората светска војна бил реконструиран, жители и посетителите на ова необично место на северот можеле да пристигнат таму и со автомобил.

За посетителите клаустофобично, а за жителите ослободително, возењето низ тунелот значајно го олеснило животот во Витиер. Оние кои сакаат да патуваат по тој пат мора внимателно да го испланираат времето затоа што насоката на сообраќајот наизменично се менува на секој еден час, а оние кои сакаат да се вратат во градот по 22:30, нема да имаат среќа.

Луѓето кои спијат во автомобилите недалеку од тунелот затоа што го пропуштиле последниот премин, се чести сцени.


Заробеници на Витиер

Кога избувна пандемијата на коронавирусот, жителите се нашле во поголема изолација затоа што во градот смееле да влезат само неговите жители, нивните најблиски и вработени во компаниите.

Овој необичен град од останатиот дел од светот се одделува и со немилосрдните врнежи. Годишно просекот на снег којшто паѓа таму изнесува дури 6,7 метри.

Но, кога ќе заврне снегот, жителите не мора да ја напуштат зградата во која живеат. Поради сето тоа не е ни чудно што многу од жителите носат маици со натпис „заробеници на Витиер“.

Бетонскиот објект од добата на Студената војна е дом на жителите, болница, градска управа и училиште. „Begich Towers Incorporated“, зградата со 14 ката и 196 станови, во овие краеви е позната едноставно како BTI.

Изградена да издржи гранати, BTI секоја година трпи шест месеци дожд, после што следат шест месеци снег и ветер којшто достигнува брзина од 130 км/ч.

Метеж во лифтот

Однатре BTI изгледа како голем станбен комплекс во голем град. Меѓутоа, доколку излезете надвор на прошетка, нема да може да најдете многу места на кои може да отидете. Патувањето на работа за време на метежот значи запирање на лифтот на секој кат.

Сепак, дури и кога е ладно, вработените можат на работа да дојдат во сандали. Пред заминување на работното место, родителите се спуштаат во подрумот за низ преминот налик на бункер да ги однесат своите деца во училиште. Во комплексот се наоѓаат и продавници, ресторани, пошта, библиотека, па дури и црква.


Се зборува дека некои луѓе со седмици, месеци, а можеби и години не излегувале надвор од зградата. Жителите на зградата, односно на градот, се однесуваат како едно големо, дисфункционално семејство во кое сите знаат речиси сѐ едни за други.

Некои во овој изолиран крај дошле од далечните краеви на светот за да започнат нов живот и да заработат.

„Бев претставена како некој којшто првпат излегол од тунелот. Градот ми изгледаше како оние од хорор филмовите“, изјавила Бренда Толман за „CNN“ за градот којшто се нарекува и „град под еден покрив“, а во којшто живеат околу 200 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk