Џорџ Клуни откри кое правило практикува за посреќен брак со Амал

Кармин

15/12/2025

09:33

280

Големина на фонт

а а а

Актерот Џорџ Клуни открил едно посебно правило до кое се придржува во бракот со сопругата Амал Клуни.

Парот кој се венчал во 2014 година и ги имаат близнаците Александер и Ела, во јавноста се познати по нивниот хармоничен однос, а сега Клуни споделил детаљ кој придонесува кон тоа.

Како што објаснил, по разговорот со сопругата решил дека повеќе нема да ги бакнува жените во филмските улоги, а таа одлука ја донел кога наполнил 60 години.


„Се обидувам да го следам патот на Пол Њуман, па повеќе не ги бакнувам девојките. Кога наполнив 60 години разговарав со сопругата и ѝ кажав: „Сè уште можам да играм кошарка со момците. Играм со дваесет и пет годишници. Сè уште можам да издржам, во форма сум, но за 25 години јас ќе имам 85 години. Не е важно колку гранола барови ќе изедеш, тоа е вистинската бројка“, рекол актерот.


Клуни исто така се присетил на првата средба со Амал во 2013 година, признавајќи дека мислел оти нема никакви шанси кај неа поради големата разлика во годините.


„Мислев дека немам многу шанси кај неа, бидејќи сум 17 години постар, а делуваше како таа да има сè што ѝ е потребно“ изјавил Клуни за „New York Times“.


Во претходно интервју за „Hollywood Reporter“, актерот признал дека Амал веднаш го освоила. „Мислев дека е убава, духовита и многу паметна. Веројатно мислела дека сум стар. Се допишувавме, испраќавме е-пошта, разговаравме, главно во врска со тоа што се случуваше во нашите животи и со текот на времето стана јасно дека сме повеќе од пријатели“, раскажал Клуни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk