На 10 декември, шведското кралско семејство се собра на церемонијата на доделување на Нобеловата награда, а овој настан за нив традиционално подразбира врвна елеганција и кралски стил.
Сепак, најдобар впечаток оставила принцезата Викторија од Шведска, идната кралица на оваа земја, која се појавила во величествен фустан потпишан од швајцарскиот дизајнер Жак Зендер.

Станува збор за многу посебна креација, бидејќи претходно ја носела и нејзината мајка, кралицата Силвија, на доделувањето на Нобеловата награда во 1994 година.
Фустанот на Викторија е класичен балски фустан, со корсет и балски крој, а се работи за модел со скулптуруран, асиметричен горен дел и полно здолниште.
Овој вечерен фустан е направен од цибелин, во најголем дел е во бела боја, додека рабовите и асиметричната декорација што се протега по здолништето се црни, со што се постигнува ефективен контраст.

Принцезата и наследничка на престолот изгледот го надополнила со елегантна пунџа и тијара „Baden Fringe“, која е во сопственост на шведското кралско семејство уште од крајот на 19 век.

Принцезата Викторија од Баден ја добила во 1881 година како подарок од родителите на војводата Фре по повод нејзиниот брак со принцот Густав од Шведска и Норвешка. Таа е украсена со дијаманти и инспирирана од руски кокошник.

Инаку принцезата Викторија била кума на венчавката на српскиот принц Филип Караѓорѓевиќ и принцезата Даница во 2017 година.