Реал Мадрид започна еден нов проект со Чаби Алонсо, но истиот може да заврши многу брзо и до тоа до крајот на годината или поточно шпанската легенда да си замине од „Бернабеу“.
Алонсо веќе е под притисок и секој нов поголем кикс, непријатно изненадување почнувајќи од соочувањето со Алавес може да му донесе отказ. Играчите му дадоа максимална поддршка по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, меѓутоа Реал е клуб каде резултатите секогаш се во прв план и ако нешто не оди Флорентино Перез секогаш знае да пресече и проба со друго решение.
Карим Бензема знае како функционира шпанскиот великан, играше за истиот дури 14 години, па се обиде да направи кратка анализа и посочи кој е проблемот на секогашната екипа, играчите.
- Она што им недостасува е едноставно врска помеѓу Мбапе, Винисиус, Белингам и Родриго. Секој треба да знае што да прави на теренот. Белингам треба да разбере дека тој е плејмејкер, а не стрелец. Мбапе е стрелец, а не офанзивен играч од средниот ред. Винисиус не е дефанзивен играч од средниот ред, тој е лево крило. Се додека сите знаат што да прават на теренот, тоа е тоа. Бидејќи зборуваме за играчи кои се меѓу првите десет во светот, и сите се во истиот тим.
- Тешко е бидејќи секој има своја личност и карактеристики. Секој сака да биде најдобар, па затоа е малку комплицирано… Секој треба да разбере дека, во својата улога, може да придонесе, но дека тоа е за доброто на тимот, - вели Бензема кој воедно смета дека Чаби не може да ги реши сите проблеми.
- Не, тренерот не може ништо да направи. Тој има имиња, тој е оној што игра најдобро. После тоа, станува збор за играчи… Ако вашиот партнер е подобар од вас, мора да го прифатите тоа. Проблемот е да не прифатите дека оној пред вас постигнува повеќе голови. Затоа имате проблеми кога имате пет или шест одлични играчи заедно. Секој придонесува нешто. И, на крајот, стрелецот на голови секогаш добива малку повеќе внимание од другите. Но, секогаш му требаат други! Не можете да го направите сето тоа сам, - порача францускиот напаѓач.











