Вардар го доби распоредот за натпреварите од главната фаза на Европската лига

Дерби

12/12/2025

12:19

169

Големина на фонт

а а а

Екипата на Вардар 1961 го дозна „возниот ред“ за вториот дел од Европската лига, поточно од главната фаза на натпреварувањето на ЕХФ.

„Црвено-црните“ со учинок од 5 победи и 1 пораз ја одработија групата Ф, но сега ќе следи потежок предизвик и соочување со бундеслигашот Мелсунген и португалска Бенфика во групата 3.

Вардар пренесе два бода и ќе мора да се прикаже во најдобро светло во четирите средби кои ќе се играат нареднатат година во февруари ии март.

Избраниците на Чупиќ започнуваат против Бенфика на гостински терен на 17 февруари, потоа ќе имаат два домашни натпревари во „Јане Сандански“ на 24 февруари и 3 март за да овој дел го завршат на 10 март во Германија.

Познат е распоредот на натпреварите од Главната фаза во Лига Европа.

Почнуваме на 17 февруари со гостински меч во во...

Posted by RK Vardar 1961 on Friday, December 12, 2025