Шкендија одигра уште еден квалитетен меч на домашен терен во Конференциската лига на УЕФА, го победи Слован Братислава со 2-0 и на тој начин се стави во одлична позиција за пласман во нокаут фазата.
„Црвено-црните“ освоија седум од вкупно девет бода на средбите во Скопје, а тие два без кои останаа ги загубија со Јагелонија во 100 минута.
Овој учинок го става македонскиот првак да има огромни шанси за место во наредната фаза, сценарио кое ако се оствари ќе значи испишување на историја затоа што ќе стане прв клуб од нашата земја кој успеал да се избори за европска пролет.
Шкендија според статистиките има 95% шанси да се пласира во елиминациската фаза воо третото по ранг натпреварување на УЕФА. Во последното коло ривал на тимот од Тетово е АЕК Ларнака, меч кој дури и да го загуби може да оди понатаму ако се поклопат останатите резултатите.
Во моментов тие се на 21 место на табелата, а оние кои се под цртата и се уште имаат шанси имаат многу тешки натпрревари, Купс му гостува на Кристал Палас, Бреидаблик игра против Стразбур во Франција, додека Зрињски има најлесен ривал и ќе игра со отпишаниот Рапид од Виена.






