Помладиот син на Ален Делон сака да ја исклучи својата сестра од поделбата на наследството на неговиот татко: „Татко ми сам си го извалка името, јас немам ништо со тоа“

Кармин

11/12/2025

19:45

419

Големина на фонт

а а а

Семејниот конфликт во семејството на Ален Делон повторно изби во јавноста. Најмладиот син на актерот, Ален Фабијен Делон, ја обвини сестра си Анушка дека профитирала од слабоста на нивниот татко во последните години од неговиот живот и поднесе тужба со која бара поништување на вториот тестамент.

Анушка возврати дека брат ѝ ја нарушува честа на Ален Делон, но Ален Фабијен во гостувањето на Ер-те-ел на 11 декември ѝ одговори кратко и остро: „Татко ми не ме чекаше мене за да го валка сопственото име. Тоа го правеше кога јавно зборуваше за приватните животи на други и кога се поврзуваше со луѓе од екстремната десница“.


Ален Фабијен поднесе тужба против Анушка, нивниот брат Ентони и тројца извршители на волјата на Делон. Тој бара да се поништи вториот тестамент, потпишан во 2022 година, како и донацијата дадена на сестра му. Според документот, Анушка станува единствен носител на моралните права на актерот. Неколку месеци подоцна таа добива и 51 отсто од уделите во семејната компанија.

Претходниот тестамент од 2015 година имал поинаква распределба: Анушка имала право на 50 отсто од имотот, а Ентони и Ален Фабијен по 25 отсто.


Според Ален Фабијен, втората верзија била потпишана во период кога татко им бил крајно ранлив поради мозочниот удар што го доживеал во 2019 година.

„Сите медицински извештаи го потврдуваат тоа. Од 2019 година не можеше да помине ниту еден когнитивен тест. Дури беше препорачана административна и социјална супервизија затоа што постоеше опасност за него“, изјави тој на Ер-те-ел.

Ален Фабијен потсети и дека нивниот татко бил ставен под засилено кураторство во април 2024 година, на барање на сите тројца деца.


„Сите три деца бевме согласни со тоа. Тоа само покажува дека постоеше основна состојба на слабост.“

Тој повторно го отвори и случајот со Хироми Ролин, жената која се претставуваше како последна партнерка на Делон. Таа беше иселена од имотот во Дучи во летото 2023 година, а против неа беше поднесена пријава за психолошко малтретирање.

Ален Фабијен смета дека вистинското нарушување на угледот е тоа што, според него, неговата сестра ги изнесува нивните приватни проблеми во јавноста.

„Не го валкам името Делон. Но ако така продолжиме, како тоа не би било валкање на угледот кога таа го изнесува целиот наш семеен спор јавно?“


Во тужбата тој оди чекор понатаму и бара судот да ја прогласи Анушка за недостојна наследничка.

„Не сакам да добие ништо. Ни еден денар“, вели Ален Фабијен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk