Пејачката Шакира направила спектакл во Буенос Аирес на својот концерт кога на сцената се појавиле нејзините синови Милан (12) и Саша (10), кои ги доби со фудбалерот Жерар Пике.
Инаку ова не е прв пат Шакира да ги изненади обожавателите појавувајќи се со своите деца, па социјалните мрежи често пати се преплавени со нивните заеднички снимки, а овој пат пејачката ја отпеала и песната „Acrostico“ со синовите.
Шакира, Милан и Саша исто така биле модно усогласени, носеле светлосини костуми, додека пејачката носела впечатлив светлосин фустан со изразени волуменозни детали.
„Беше магично да пеам со моите синови и да ги гледам како ја покажуваат музиката што ја носат во себе, сето тоа додека другите семејства пееја заедно со нас“, напишала Шакира под објавата.
Синовите ѝ се најголема поддршка на пејачката, а таа никогаш не го криела тоа и судејќи според снимките и фотографиите двајцата се многу приврзани кон својата мајка.

Инаку Шакира поминала низ тежок период откако било откриено дека Пике ја изневерил за време на нивната десетгодишна врска. По бројни турбуленции, изнесување „валкани алишта“ и објавување одмазднички песни, таа конечно успеала да продолжи понатаму и да го продолжи својот живот подалеку од фудбалерот.