Во овие намирници се колнат многу нутриционисти дека се здрави, а го замастуваат црниот дроб: Го уништуваат овој орган доколку се јадат во големи количини

Точка

09/12/2025

11:44

819

Големина на фонт

а а а

Сè повеќе луѓе се хранат здраво, а сепак се соочуваат со замастен црн дроб; лекарите објаснија и зошто.

Замастениот црн дроб стана една од најчестите современи здравствени тегоби. Она што изненадува е дека се развива и кај луѓе кои не се гојазни и кои мислат дека се хранат здраво. Лекарите и диететичарите сè почесто предупредуваат дека постојат намирници што имаат „здрав“ имиџ, но во пракса — особено ако се јадат често или во големи количини — придонесуваат за наталожување на масти во црниот дроб.

Ова се најчестите „замки“ во исхраната:

Овошни сокови – природни, но полни со фруктоза

Многумина мислат дека чаша цеден сок е еднакво здрава како и целиот плод, но тоа не е така.

Без разлика дали е цеден или купечки, во сокот е концентрирана фруктозата, која се метаболизира исклучиво во црниот дроб. Преголемиот внес на фруктоза ја стимулира трансформацијата на шеќерот во масни наслаги.

Зошто е проблем:

- брзо го оптоварува црниот дроб повеќе од целото овошје

- не содржи растителни влакна

- може да предизвика нагли скокови на шеќерот


Гранола, „фит“ мусли и енергетски барови

Иако се рекламираат како здрави, полни се со додаден шеќер, сирупи, рафинирани житарки и масла.

Што ги прави ризични:

- висок процент на шеќер и заситени масти

- многу калории во мала порција

- често се јадат како „здрава ужина“, па луѓето претеруваат без да забележат

Интегрални тестенини и леб – поздрави, но не и безопасни

Интегралните производи се подобри од белите, но кога се јадат во големи количини, и понатаму можат да доведат до прекумерен внес на јаглехидрати.

Проблемот се појавува кога:

- порциите се големи

- често се јадат со сосови, намази и прилози

- стануваат главен извор на калории

- вишокот јаглехидрати што телото не го троши се складира во црниот дроб како маст.


Суво овошје – здраво, но премногу концентрирано

Сувото грозје, брусниците, урмите и смоквите се богати со витамини, но и со огромни количини фруктоза.

Зошто придонесуваат за масен црн дроб:

- мала количина содржи многу шеќер

- лесно се претерува

- често е дополнително засладено

Смути

Често се подготвува со повеќе овошје отколку што би изеле во еден оброк — а понекогаш и со додатоци како мед, засладувачи, протеински прашоци или млечни производи.

Оптоварување за црниот дроб:

- вишок фруктоза и калории

- нема растителни влакна како целото овошје

- брзо се вари и го подигнува нивото на шеќер


Млечни производи: грчки јогурт, сирење и кефир

Во умерени количини се корисни, но проблем се јавува кај личности што консумираат високомасни варијанти или јадат повеќе отколку што мислат.

Потенцијален ризик:

- заситените масти во големи количини го оптоваруваат црниот дроб

- често се јадат со мед, житарици или овошје, што дополнително го зголемува шеќерот

Растителни млека и „здрави“ алтернативи

Бадемовото, овесното и соиното млеко може да бидат одличен избор — сè додека не се засладени.

Опасноста се крие во:

- додадениот шеќер

- ароми и сирупи

- скриени јаглехидрати (особено во овесното млеко)


Прекумерно консумирање на „здрави намирници“

Најголемата грешка е верувањето дека здравата храна може да се јаде во неограничени количини. Дури и најздравите намирници стануваат ризични кога:

- внесот на калории ги надминува потребите на организмот

- постои честа консумација на јаглехидрати

- не се внесува доволно протеини, влакна и здрави масти

- физичката активност е нередовна, па црниот дроб го складира вишокот енергија како маст

Многу намирници што изгледаат здраво можат да станат проблематични ако се јадат неконтролирано, во погрешни комбинации или во големи количини.

Црниот дроб особено реагира на: шеќери, фруктоза, рафинирани јаглехидрати и премногу калории за кратко време.

Умереноста, балансот и целосните (нерафинирани) намирници остануваат клуч за зачувување на здравиот црн дроб.