Поради широкиот спектар на корисни дејства се смета за еден од највредните природни додатоци во исхраната, а популарноста не му се намалува ниту во современата медицина, ниту во традиционалните системи за лекување.
Црниот ким, познат е и како „божјо растение“, и е едно од најдолго користените лековити растенија на светот.
Потекнува од југозападна Азија, а неговата употреба е документирана пред повеќе од 2.000 години.
Семките и маслото од црниот ким традиционално се користат во народната медицина ширум светот, а особено се цени поради своите моќни дејства врз организмот.

Лековитоста е опишана и во Библијата и во Куранот
Црниот ким е единствен по тоа што се спомнува и во Библијата и во Куранот, како растение со исклучителна вредност.
Според преданијата, Мухамед рекол: „Црниот ким ги лекува сите болести освен смртта“.
Токму поради оваа порака, црниот ким во многу култури го добил прекарот „божјо растение“, а верувањата за неговите лековити својства се пренесуваат до денес.
Важно е да се спомне дека црниот ким нема ботаничка врска со кимот којшто често се користи во кулинарството. Станува збор за целосно различно растение.
За што се користи црниот ким?
Благодарение на богатството на антиоксиданти, витамини и хранливи супстанции, црниот ким помага при:
1. Детоксикација и олеснување на варењето на храната, намалување на надуеноста и поддржување на функцијата на црниот дроб како природен чистач на организмот.
2. Го јакне имунитетот, ги намалува инфекциите, го јакне и одбранбениот систем и делува антибактериски, антивирусно и антигабично, му помага на организмот во борбата против воспаленијата. Придонесува и во регулирање на хормоните, а ги ублажува и симптомите на алергии, ја подобрува циркулацијата.

Дополнителни поволни дејства
- Поволно дејство на кожата;
- Ублажување на егзема и иритации;
- Можност да поттикне произведување млеко кај доилки;
- Примена во облик на семе, прав или масло.









