[ФОТО] Портокалова од глава до пети: Кајли Џенер и Тимоти Шаламе ги засенија сите присутни со усогласените комбинации

Точка

09/12/2025

09:43

1.136

Големина на фонт

а а а

Кајли Џенер и Тимоти Шаламе беа во центарот на вниманието на премиерата на „Marty Supreme“ во Лос Анџелес благодарение на нивната усогласена облека во интензивна портокалова боја.

Парот се појави на премиерата во целосно усогласени, „custom-made“ парчиња од модната куќа „Chrome Hearts“, во силна портокалова нијанса, продолжувајќи го трендот на усогласен стил кој го избираат за нивните заеднички јавни појавувања.


Тимоти носел портокалово кожно одело, со сатенска кошула и соодветни чизми, а како додаток имал црна торбичка „Chrome Hearts“ преку рамото.

Кајли блескала во долга тоалета до подот во портокалова боја, со триаголни отвори под градите и во половината, како и со длабок V-изрез украсен со детаљ во форма на крст – кој одговарал на накитот што го носела. На нозете имала портокалови високи потпетици со шилест врв.


Нејзината шминка и ноктите биле усогласени со комбинацијата: ноктите интензивно портокалови, руменилото со портокалови подтонови, шминката за очи во нијанси на розова и портокалова, а усните во мат „nude“ нијанса.

Премиерата беше нивно второ заедничко појавување на црвениот тепих, а првпат тоа го направија во мај на доделувањето на „David di Donatello Awards“ во Рим.

Неодамна парот беше тема на гласини, а „Daily Mail“ пренесе тврдења од извори дека нивната врска завршила. Меѓутоа, со појавувањето на црвениот тепих во Лос Анџелес тие ги демантираа гласините.