[ФОТО] Среде Лондон направила вистински спектакл, па добила заслужен аплауз: Атрактивната Србинка ја „ископира“ Наоми Кембел и ја обзеде Европа

Точка

04/12/2025

12:37

1.282

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Тамара Калиниќ, една од најпознатите Србинки која со својата убавина, стил и креации лесно го освојува светот е навистина неодолива.

Сепак, се чини дека во нејзината родна земја нема сите да се согласат со констатацијата што популарниот магазин ја прогласил за жена на годината.

Но, таа не се огласува на таа тема и не ги забележува негативните коментари туку чекори напред со големи и сигурни чекори, кон познатите светски модни писти. Овојпат таа се појавила на доделувањето на Британските модни награди во Лондон, каде биле наградувани најдобрите од светот на модата годинава.


Таа носела црно-бел фустан со раскошен цветен детаљ и била меѓу најдобро облечените на црвениот тепих во конкуренција која не била наивна.

Овојпат нејзиниот избор бил фустан од колекцијата „Quinn“ за пролет/лето 2026 година којшто пред само неколку месеци на писта го носела Наоми Кембел.

Тамара со фустанот искомбинирала сандали и чевли од брендот „Jimmy Choo“.

Љубителите на модата веднаш го препознале фустанот којшто прекрасната Кембел го носела на модна писта пред да го облече Тамара.

Отворајќи ја ревијата на „Richard Quinn“, Наоми ја покажала својата грациозност во овој раскошен фустан. Пред публиката која била составена од големи имиња во светот на модата, Наоми уште еднаш покажала дека е самоуверена и дека чекори во ритамот на лесната музика како вистинска божица – онака како што тоа го правела и пред 30 години.

Како и да е, Тамара уште еднаш успеала да го привлече вниманието не само во домашните туку и во светските медиуми, а секој има право на свое мислење за тоа колку кој е успешен и дали заслужено добива титули во животот.