Шакира изненади со новата изјава за Пике: 3 години не кажала еден убав збор за него, но сега „свртела“ нова страница

Точка

03/12/2025

20:50

609

Големина на фонт

а а а

Шакира не криеше колку била повредена и лута откако поранешниот фудбалер Жерар Пике ја изневерил со младата Клара Чија Марти, а покрај неколкуте песни инспирирани од нејзиното страдање, таа во интервјуа изјавила и дека се чувствувала предадено.

Пејачката се преселила во Барселона поради Пике, каде што не познавала речиси никого, била посветена на нивното семејство, немала одличен однос со неговата мајка, често ја паузирала кариерата за да биде со децата додека фудбалерот патувал со клубот и репрезентацијата…

Поради сето тоа, многу ѝ било тешко кога дознала дека Пике ја изневерил, а повеќе пати пеела за својата болка.

Шакира го пофалила Пике

Меѓутоа, во ново интервју, кое Шакира го дала во емисијата „Por el mundo“, покажала дека е подготвена да сврти нов лист и му дала неочекуван комплимент на својот поранешен партнер.

Таа зборувала за тоа колку се дисциплинирани нејзините синови Милан и Саша и истакнала дека тоа не е само нејзина заслуга, туку и дека таткото Пике бил добар пример за нив.


„И нивниот татко, да бидеме искрени, е многу дисциплиниран. Не можете да успеете во ниедна професија без дисциплина, тоа е основата. Тие знаат дека нема друг начин“, рекла Колумбијката. „Ако мора да се појавите некаде, вежбате. Ако имате испит, учите. Тоа е тоа. За такви работи не се преговара“, додала таа.


Шакира сè уште закрепнува од раскинувањето

Во претходните интервјуа, Шакира најмногу споменувала дека не се чувствува добро и дека Пике ја изневерил додека нејзиниот татко бил болен. Порано оваа година, во една емисија таа истакнала дека дури и три години откако фудбалерот и таа раскинале, не се чувствува најдобро.


„Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години“ истакнала таа во интервју за мексиканскиот канал „N+“.

„Сфатив дека можете да почувствувате радост и додека носите болка во себе, да живеете со рана што никако да заздрави. Тоа е исто како да си на забава, те болат нозете, но сепак продолжуваш да танцуваш“, раскажала пејачката.