Броиме ситно до моментот кога високите сметки од Копаоник и Златибор, како и секоја година ќе почнат да се споделуваат на социјалните мрежи.
Сепак, дека во Србија и тоа како е можно да најдете попристапни цени за уживање во снегот и зимските спортови, најдобро покажува ски-центарот на планината Јавор.
Исклучително пристапните цени, бројните поволности како бесплатна школа за скијање за деца и бројни други активности, влијаеле голем дел од луѓето да ја изберат токму планината Јавор за зимски одмор, наместо некои други популарни ски-центри.

„Школото за скијање за децата е бесплатно годинава, исто така на патеките служиме целосно бесплатни топли напитоци. За љубителите на зимски спортови, уредените ски-патеки во близина на хотелот претставуваат вистински рај. Идеални за почетници, но и искусни скијачи кои сакаат да уживаат во прекрасните пејзажи. Условите се идеални за скијање. Навистина има многу мали деца кои секоја година доаѓаат кај нас и тоа нѐ радува. Родителите кои сакаат мирна оаза ја препознаа планината Јавор како идеална дестинација“, изјавил Милош Јовановиќ, инструктор по скијање.

Одлични капацитети за сместување
Иако не е популарна како Копаоник или Златибор, планината Јавор може да се пофали со прекрасни капацитети за сместување затоа што своевремено е опремена со хотел којшто се наоѓа во самиот центар. Годинава се организира и прекрасен дочек на Нова година.
„Располагаме со 160 кревети, поточно 40 единици за сместување. Јавор како планина станува сѐ попрепознатлива меѓу домашните и гостите од регионот, поради тоа минатата година имавме рекорден број на гости.

Многу од луѓето одлучија зимата да ја поминат кај нас. Ски-патеките се наоѓаат на само 600 метри од хотелот, во функција е и жичницата, а за сите наши гости деца во состав со цената за сместување со појадок и вечера е и школата за скијање. Сите тие поволности се препознаени од страна на родителите кои зимава дојдоа“, изјавил Дарко Орестијевиќ, директор на хотелот „Јавор“.












