Тројца кинески астронаути се најдоа во незавидна ситуација — останаа заробени на вселенската станица „Тјангонг“, која орбитира околу Земјата, без исправно летало за враќање дома. Нивната единствена повратна капсула беше оштетена на почетокот на ноември по судир со вселенски отпад, пренесува „ScienceAlert“.
Кинеската вселенска агенција (CMSA) тогаш соопшти дека причината за ударот бил „ситен фрагмент од вселенски отпад“ кој го напукнал прозорецот за набљудување на леталото. Поради оштетувањето, екипажот на мисијата "Shenzhou 21" — Жанг Лу, Ву Феј и Жанг Хонгжан — остана во орбита.
Breaking News: Shenzhou-20 crew—Chen Dong, Chen Zhongrui, and Wang Jie—will return to Earth aboard the Shenzhou-21 spaceship and land at Dongfeng Landing Site on November 14 according to CMSA.
— Wu Lei (@wulei2020) November 14, 2025
The Shenzhou-22 spaceship is scheduled to launch at a later date. pic.twitter.com/Idop9ir2uK
Мисија за спасување во подготовка
Претставници на "CMSA" потврдија дека работат на испраќање сигурна замена за повратното летало. Иако официјален датум не е објавен, според достапните информации, лансирањето на спасувачката мисија е закажано за 25 ноември. Во меѓувреме, расте загриженоста кај експертите поради потенцијалните ризици.
"CMSA" не објави многу детали, но е познато дека тројцата астронаути од претходната мисија се вратија на Земјата со леталото со кое Лу, Феј и Хонгжан пристигнаа на станицата. Нејасно останува зошто сите шест астронаути не останале на станицата до пристигнувањето на заменската капсула, иако се шпекулира дека резервите би станале критични поради продолжениот престој на претходниот екипаж.

Сè поголем проблем со вселенскиот отпад
Ова е веќе вторпат во последните две години астронаути да останат заробени во орбита. Во март годинава, астронаути Буч Вилмор и Суни Вилијамс безбедно се вратија на Земјата откако нивната осумдневна мисија се продолжи на девет месеци поради технички проблеми со повратното летало.
Јан Осбург, виша инженерка во корпорацијата „RAND“, изјави за „Space.com“ дека ваквите настани се „моќен повик за будење“. „Ова е навистина лоша ситуација“, изјави таа во врска со кинеските астронаути. „Се надеваме дека екипажот наскоро ќе се врати безбедно на Земјата.“

Како што Земјината орбита сè повеќе се полни со вселенски отпад, ризикот од судири станува сè поголем проблем. Во 2021 година, отпад удри во Меѓународната вселенска станица (ISS) и оштети дел од нејзината роботска рака, а последниве години ISS неколку пати мораше да изведува маневри за да избегне летечки фрагменти. Целосниот обем на штетата на кинеското летало сè уште не е познат, а светот со нетрпение го очекува безбедното враќање на тројцата астронаути.









