Технолошкиот милијардер Илон Маск изјавил дека вештачката интелигенција и хуманоидната роботика драматично ќе го преобликуваат светското општество, предвидувајќи иднина во која сиромаштијата ќе биде елиминирана, а работата ќе стане опционална.
Говорејќи на американско-саудискиот форум во Вашингтон, Маск порачал дека развојот на напредната технологија ќе доведе до големи општествени пресврти.
„Вештачката интелигенција и хуманоидните роботи всушност ќе ја елиминираат сиромаштијата“, изјавил Маск.

Маск којшто раководи со компаниите како што се „Tesla“, „Space-X“ и „xAI“, додал дека цивилизацијата ќе мора да се подготви за „структурни промени“ во наредните години. Маск предвидел дека „на подолг рок“, што го дефинирал како период од 10 до 20 години, традиционалната работа ќе стане непотребна за поголем дел од луѓето.
„Моето предвидување е дека работата ќе биде опционална“, изјавил Маск, па додал:

„Ќе биде како занимавање со спорт или играње видеоигри... Можете да купите зеленчук во продавница или може да го одгледувате во вашиот двор. Многу е потешко, но некои луѓе тоа и натаму го прават затоа што сакаат да одгледуваат зеленчук. Така ќе биде и со работата – избор, а не обврска“.
🚨 ELON MUSK: "In the long term, the work will be optional and money will stop being relevant at some point." pic.twitter.com/c1m4xgQz0V
— DogeDesigner (@cb_doge) November 19, 2025






