Роверот „Perseverance“ на НАСА во последните четири години од својата мисија на Марс откри низа фасцинантни појави.
Голем број примероци од карпи и почва што ги собра допрва треба да бидат донесени на Земјата за подетална анализа, па се очекува дека откритијата за минатото на Марс ќе бидат уште повпечатливи.
Но, за време на истражувањето, „Perseverance“ наиде на необична глетка кој ја разбуди љубопитноста на научниците. Детална анализа на фотографиите направени во регионот Верноден откри траги од нешто за кое експертите претпоставуваат дека би можело да биде „вселенски посетител“.

Станува збор за необично обликувана карпа со дијаметар од околу 80 сантиметри, наречена Фипсаксла, која визуелно се разликува од околниот терен, пренесува „Dnevnik.hr“.
Научниците ја проучиле карпата со помош на уредот "SuperCam" на „Perseverance“, кој открил висок процент на железо и никел – комбинација типична за метеорити. Заклучокот се наметнал сам: роверот налетал на метеорит што на Марс пристигнал од некој друг дел на Сончевиот систем.
Сепак, за да можат со сигурност да тврдат дека станува збор за метеорит, научниците ќе мора да почекаат примероците да стигнат на Земјата.

Од НАСА истакнуваат дека ваквите наоди значително помагаат во подобро разбирање на историјата на Марс, како и на тоа како метеоритите со текот на времето се интегрираат во марсовската површина.
Засега, мисијата продолжува со истражување на регионот кај кратерот Езеро, во потрага по траги од древен микробен живот.






