Холивудската актерка прогласена за најубава жена на светот: Математиката ја потврди нејзината убавина, таа е најблизу до апсолутното совршенство, а еве кој се најде во топ 10

Кармин

13/11/2025

16:52

1.378

Големина на фонт

а а а

Прекрасната, талентирана, харизматична и грациозна актерка е прогласена за најубава жена на светот. Титулата ѝ ја донесе математичка проценка на нејзината убавина, а одамна неофицијално ја носи круната на светска убавица.

Најубавите жени во светот беа избрани според теоријата на златниот пресек.

За појаснување, златниот пресек е математички принцип според кој идеалните пропорции се оние во однос 1:1,618.

Кога ова се применува на човечкото лице, тоа треба да биде 1,618 пати подолго отколку што е широко, а истиот однос важи и за растојанијата меѓу клучните точки како што се носот, усните и брадата. Правилата предвидуваат и специфични размери меѓу линијата на косата и капаците, како и меѓу горната и долната усна.

Според оваа теорија, победничката е исклучително блиску до совршенството – нејзината убавина, претворена во бројки, изнесува 94,72 проценти, а станува збор за – Ема Стоун.


„Таа беше јасен победник кога сите елементи на лицето беа измерени според стандардите на физичка совршеност“, објасни д-р Хулијан де Силва, кој го води Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лице во Лондон.

Стоун постигнала највисоки оценки за веѓите, како и високи резултати во сите останати категории. Нејзината вилица е речиси совршена (97%), а усните пропорционални и симетрични (95,6%).

„Се најде на врвот поради својата извонредност во сите елементи на златниот пресек“, нагласил докторот.

Ема Стоун со години наназад импресионира со својот актерски талент, а плени и со својата природна убавина.

На второто место се најде Зендеја, актерка и пејачка, која е многу блиску до првопласираната Стоун, со резултат од 94,37 проценти.


„Постигна добар резултат во речиси сите категории – усни (99,5%), очи (97,3%), чело (98%)“, објаснил хирургот и додал: „Доби нешто пониски оценки поради положбата на носот и усните, како и за формата на веѓите“.

Третото место ѝ припаднало на Фрида Пинто со 94,34%, додека четвртата позиција ја зазеде Ванеса Кирби со 94,31%.


Меѓу помладите актерки, Џена Ортега има најубаво чело на светот – со совршен резултат од 99,6%, но изгубила поени поради формата на лицето, која доби оценка од 88%.


Остатокот од листата на топ 10 најубави жени според златниот пресек го сочинуваат:

Оливија Родриго – 93,71%


Марго Роби – 93,43%

Ајшварија Рај – 93,41%


Танг Веј – 93,08%


Бијонсе – 92,4%



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk