Утре е 11-ти ноември (11.11), а според нумерологијата тоа е ден со исклучителна енергија. Што се крие зад бројот 11, особено кога тој се појавува двапати? Нумеролозите веруваат дека станува збор за најмоќниот ден во целата година.
Нумерологијата вели дека бројот 11 е извонредно моќен број. Комбинацијата 11 и 11 се смета за неверојатен спој на духовно будење и силни почетоци – бројот 11 сам по себе симболизира нов почеток, интуиција и пресврт.
Датумот 11-ти ноември, со заедничкото дејство на „11 и 11“, ни носи моќна енергија за будење на нови потенцијали во нас, нова сила за пресврт во животот или доаѓање до значајни сознанија (т.н. духовно будење) кои можат да ни го променат животниот пат.

И што е особено важно – промените што можеме да ги иницираме најчесто се позитивни. Пресвртот што може да следи не ги надминува нашите можности, туку ни дава шанса да излеземе од рутината и да се осмелиме да посакаме – и добиеме – нешто повеќе.
Според нумерологијата, универзумот на 11. 11 ни испраќа порака да обрнеме внимание на тоа што ни зборуваат срцето и душата. Се верува дека овој ден е поволен за исполнување на желбите – односно нивно јасно дефинирање.
Посветете 11 минути на медитација за да откриете зошто навистина го посакувате она што го посакувате. Тоа е моќен начин да ја поттикнете реализацијата на вашите соништа. Запрашајте се што навистина ви е потребно во животот – и одговорот ќе дојде сам. Потрудете се своите желби да ги формулирате јасно.

Утрешниот ден носи и голема можност да ја сретнете „сродната душа“ – тоа е ден на средби на љубовници кои совршено се разбираат. Целиот месец ноември, според нумеролозите, е месец на љубовта.
На овој посебен датум 11.11. се родени и Леонардо ДиКаприо, Деми Мур и Стенли Тучи. Се вели дека луѓето родени на овој ден носат иста енергија како и магичните броеви на нивното раѓање.
Бројот 1111, кој се крие во утрешниот датум, е симбол на создавање, лидерство и изразување на сè што е скриено во нас – на нашите можности, дури и на оние за кои можеби не сме свесни.