Александра Јовановска стана мајка: Водителката од МТВ ужива во првите моменти со својот син Лука

Кармин

11/11/2025

21:00

968

Големина на фонт

а а а

Телевизиската водителка и новинарката на МТВ, Александра Јовановска, ја започна најубавата животна улога, стана мајка.

По долгогодишната љубов со својот партнер Ангел Здравковски, Александра на свет го донесе своето прво дете, синчето Лука.


Веста за радосното случување предизвика многу честитки и емоции кај нејзините пријатели, колеги и гледачи, бидејќи таа до самиот крај на бременоста, оваа нежна приказна ја чуваше далеку од очите на јавноста.

Со насмевка и топлина по која е препознатлива и на екранот, Александра сега ги живее првите моменти на мајчинството, улога која, како што велат блиските, ја прифатила со голема љубов, благодарност и спокој.


Нејзините следбеници на социјалните мрежи ја поздравија оваа убава вест со пораки полни љубов и поддршка, посакувајќи ѝ многу здравје, мир и безброј среќни моменти со нејзиното семејство.

Александра, која со години е дел од тимот на Македонска телевизија и едно од најпознатите лица од забавно-македонската сцена, сега го започнува најубавото поглавје во животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk