Оскаровката Џенифер Лоренс се смета за една од најголемите инфлуенсерки меѓу холивудските ѕвезди и веројатно би била апсолутна кралица на уличниот стил во Њујорк доколку немаше жестока соперничка – секогаш совршено облечената Кејти Холмс.
На премиерите и доделувањата на наградите Лоренс изгледа спектакуларно во фустани од бајките кои се дизајнираат специјално за неа, но нејзиниот секојдневен стил е уште повлијателен бидејќи е удобен, практичен и секогаш интересен.

Џенифер ги комбинира луксузните брендови со прифатлива облека, па нејзините стајлинзи се инспирација за девојките ширум светот, но тие нема да се израдуваат од новата модна порака на актерката – тесните фармерки (skinny jeans) се минато.

„Тесните фармерки се мртви, што ме радува“ неодамна изјавила Лоренс во интервју за „Harper’s Bazaar“ и објасни зошто не се чувствува удобно во тесни фармерки. „Не сакам некој да може јасно да ја види разликата помеѓу големината на мојот бут и мојот глужд“, додала таа.

Со години целосно тесните фармерки се прогласуваат за застарен модел, па затоа се сè поретки во колекциите на истакнати брендови. Сепак, жените не се откажуваат од нив, а тесните фармерки се тренди секоја сезона и често се дел од модните комбинации на познатите девојки.

Ќе видиме дали процената на Џенифер, која веќе со години носи широки фармерки, конечно ќе го испрати овој модел во историјата.
Актерката зборувала и за тоа каде бара инспирација кога го гради својот личен стил.
„Забележувам силуети на интернет или на улица. А фактот што живеам во Њујорк е многу инспиративен“, рекла таа.

„Почнав да го забележувам враќањето на слоевите, што е забавно ако сте доволно возрасни да се сеќавате на трендовите од почетокот на 2000-тите, кога маицата со ракави висеше под кошулата“, додала Лоренс.