Французинките секогаш се во мода. Кралиците на хедонизмот отсекогаш биле познати по истенчен вкус, природен шарм и неформална елеганција, а наклонетоста кон безвременскиот стил се гледа и кога станува збор за тексас.
Иако не е традиционална француска ткаенина, тие сепак знаат како да ја носат, оставајќи си слобода омилените фармерки да ги прилагодат не само на класиката, туку и со современи додатоци. А овие шест модели сите ги имаат во својот гардеробер!
По десет години внимателно набљудување и детални анализи, уредничката на модниот портал „Who What Wear“, Алисон Пејџер, успешно, како што вели, ги идентификувала фармерките во кои се заколнуваат Французинките од сите генерации. Како што утврдила, постојат точно шест модели кои со години ги чуваат љубоморно во своите колекции и ги прилагодуваат за различни прилики. Ајде да видиме што открила…

Не е тешко да се погоди зошто ваквите фармерки се еден од модните фаворити на сите автентични Парижанки. Класичниот, женствен крој, кој ја истакнува силуетата и паѓа без многу набори, ласка на секоја фигура, а потемниот тексас може да се носи и во канцеларија и за вечерни прилики. И не само тоа… Одлично се комбинира со останатите парчиња – кошули, џемпери, јакни од сите должини, но и со чевли, од вечерни до оние со високи потпетици, па сè до обични патики.

Кога Французинките посакуваат нешто лежерно и удобно – а тоа често го посакуваат – го облекуваат овој модел! Обично се одлучуваат за светла, избледена варијанта, која можат да ја комбинираат со топол џемпер и каубојски чизми, а при тоа воопшто не го губат оној посебен шик по кој се толку познати.

Правиот крој е погоден за сите фигури. Ако повеќето од вашата тежина ја носите во горниот дел на телото, овој модел ќе ви стои како кроен за вас, вели Алисон Пејџер. Некој сака плиток струк, некој подлабока верзија, а најважно е дека ваквите панталони се комбинираат и со блејзери, и со кошули, и со обични маички, и со што и да посакате.

Порано купувавме фармерки во број кој едвај можевме да го закопчаме, знаејќи дека со текот на времето малку ќе се растегнат, а сега инсистираме на моментална удобност. За Французинките, тој момент на комфор е особено важен, и затоа секоја во својот гардеробер има барем еден ваков пар, кој на стајлингот му дава и дискретни винтиџ ноти.

Порано, се сеќавате, најпопуларни фармерки беа најсветлите и најизбледените (често им помагавме и рачно, со помош на бел камен, за побрзо да избледат), а денес ценет е – избледениот црн тексас. Французинките знаат зошто!
ОК, не е за секого. Тесни, скинни панталони – потполна спротивност на релакс фит варијантите – најдобро им прилегаат на долги, витки нозе, особено кога ќе се комбинираат со кожни чизми до колена.

Хероините на нашата приказна преферираат верзии од темен тексас, најчесто со скратени ногавици, и навистина знаат како да ги носат.