Експертите ова овошје го нарекуваат „сладок лек“: И Македонците го обожаваат, а е најголем штит на срцето, кожата и видот

Кармин

30/10/2025

14:45

943

Големина на фонт

а а а

Праските се едно од оние овошја кое го обожаваат и Македонците, но освен што се сочни и мирисливи, тие се и вистинска ризница на здравје.

Нутриционистите сѐ почесто ги нарекуваат „сладок лек“ затоа што поволно делуваат на дигестивниот тракт, срцето, кожата, видот и имунитетот.

Го подобрува системот за варење и цревната флора

Една жолта праска содржи околу 2,2 грама растителни влакна, што е доволно да го поттикне системот за варење и да спречи затвор. Освен тоа, во праските се наоѓаат и пробиотици кои се корисни бактерии за цревата и го намалуваат воспалението, како и позитивно влијаат на расположението.


Го намалуваат крвниот притисок и го чуваат срцето

Праските се добар извор на калциум, минерал којшто му помага на телото да го исфрли вишокот сол и течност. Со тоа се намалува крвниот притисок и ризикот од срцеви болести и мозочни удари. Со други зборови, чинијата овошје понекогаш навистина може да биде подобра од таблетите.

Ја негуваат и штитат кожата

Богата е со бетакаротен и витамин Ц, комбинација која ја штити кожата од УВ зраци, го поттикнува произведувањето колаген и помага да остане еластична и здрава. Поради тоа што содржи и многу вода, праската придонесува во хидратацијата на кожа, што брзо се гледа и однадвор.

Се бори против стареењето и болести

Праските содржат моќни антиоксиданти – полифеноли и каротеноиди кои ги неутрализираат слободните радикали и го забавуваат процесот на стареење. Тие споеви ги штитат клетките од оштетување со што се намалува ризикот од хронични болести, вклучувајќи ги и невродегенеративните како Алцхајмерова болест.


Го јакне имунитетот

Една просечна праска содржи околу 6 милиграми витамин Ц, што е 7-8 отсто од дневната потреба и значајна количина на витамин А, важен за здравјето на белите дробови и слузницата. Интересно е тоа што праската има и природни антимикробни својства, што значи дека му помага на телото во борбата против бактериите и вирусите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk