Рибата е лесен и здрав извор на протеини, а помасните видови како лосос, туна, сардина и скуша се богати со омега-3 масни киселини кои поволно делуваат на срцето и мозокот.
Експертите за здравје и прехрана препорачуваат внесување на околу 220 грама морски плодови неделно.
Освен нутритивните вредности, сѐ поголемо внимание се посветува и на заштита на околината и одржлив риболов.

Доколку често стоите пред рибарница и не сте сигурни која риба е најздрава, а воедно и добра за планетата еве помош – овие видови се најдобри со оглед на одржливост, според медицинскиот портал „EatingWell“.
Видовите скуши се ловат со посебни методи и не предизвикуваат оштетување на морските живеалишта, што ги прави еколошки прифатлив избор. Оваа риба е исклучително богата со омега-3 масни киселини и протеини (околу 16 грама во порција од 85 грама). Одлично се комбинира со јаките зачини.
Поголем дел од лососите имаат ниско ниво на жива. Нутритивно гледано, лососот има многу корисни омега 3 масни киселини. Конзервираниот лосос е попристапен, а освен омега-3 масни киселини е прекрасен извор на калциум – 85 грама лосос содржи околу 240 милиграми, што е околу четвртина од дневната потреба за возрасна личност.

Малите и поволни сардини со право се вбројуваат во суперхрана. Во само 85 грама сардина има речиси 300 милиграми омега-3 масни киселини, па природно се богати со витамин Д и калциум (околу 25 отсто од дневната потребна доза).