Манекенката Јасмин Тукс (34) беше ѕвезда на вечерта на модната ревија на „Викторијас Сикрет“.
Таа самоуверено се прошетала по пистата и ја отворила ревијата, гордо покажувајќи го своето трудничко стомаче, пишува „People“.
Тукс, која во јули објави дека го очекува своето второ дете со сопругот Хуан Дејвид Бореро, блесна на пистата во Бруклин. Во класичен стил на „Викторијас Сикрет“, таа носела луксузни златни ангелски крилја украсени со светкави детали и светла.
Крилјата совршено се вклопиле со мрежестиот едноделен костим што го истакна нејзиниот стомак. За време на прошетката по пистата, манекенката нежно го држела својот стомак, а влегла во историјата како втора црнкиња и прва бремена манекенка која ја отворила модната ревија на „Викторијас Сикрет“.
Бремената манекенка и нејзиниот сопруг Бореро очекуваат машко бебе. Таа ја сподели среќната вест на Инстаграм ова лето со серија фотографии. „Уште една мала душа за сакање“, напиша таа под објавата.
Во разговор за „Vogue“, манекенката открила дека нејзината втора бременост дошла како изненадување. „Јас сум голем планер“, рекла таа. „Да имам уште едно дете беше нешто што мојот сопруг и јас отсекогаш го сакавме. Беше само прашање на време и кога ќе има смисла – кога двајцата нема да патуваме толку многу“, додала таа.
Новиот член на семејството ќе ѝ се придружи на нивната ќерка Миа Викторија, родена во февруари 2023 година.
Тукс го остварила своето деби на модната ревија на „Викторијас Сикрет“ во 2012 година, а три години подоцна, во 2015 година, таа станала официјален ангел на „Викторијас Сикрет“.
Оттогаш Јасмин е неизоставен дел од ревиите на брендот.