[ФОТО] Ана Ивановиќ го украла вниманието на ревија на „Victoria’s Secret“: Се појавила во бојата на сезоната и заблескала

Кармин

16/10/2025

14:45

805

Големина на фонт

а а а

Некогашната прва тенисерка на светот, Ана Ивановиќ, се појавила на ревијата од брендот „Victoria’s Secret“ како една од официјално поканетите гости кои ревијата ја гледале од првиот ред, а нејзиното појавување привлекло огромно внимание.

Ана за оваа прилика избрала да носи кафеав фустан којшто ја следи линијата на тело и се протега до глуждовите, со изрез на стомакот којшто во прв план ги истакнал нејзините стомачни мускули.

Кафеавите нијанси се едни од најпопуларните есенва, а Ана и останатиот дел од изгледот го задржала во тој тон.

Косата ѝ била стилизирана во високо подигнато опавче, а неколку прамени се спуштале по лицето. Ана за оваа прилика избрала малку помоќна шминка која само повеќе ја истакнала нејзината убавина.


Крај на приватниот бизнис

Неодамна на Инстаграм профилот на Ана се појавила објава во која се информираат следбениците дека Ана одлучила да стави точка и на онлајн продавницата на својот козметички бренд којшто го основала во септември 2022 година.


„Време е да се поздравиме! Понекогаш збогум значи и правење место за нови работи. Нашето заедничко патување со Ана Ивановиќ се движи кон крајот. Ја затвораме нашата онлајн продавница во ноември. Од срце ви се заблагодарувам на верноста и страста за некомплицираната козметика на високи перформанси“, напишала Ана Ивановиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk