Пејачката и актерка Џенифер Лопез неодамна проговори за тоа дали некогаш била навистина сакана.
Имено, актерката вчера беше гостинка во емисијата „The Howard Stern Show“, каде што го промовираше мјузиклот „Kiss of the Spider Woman“, но истовремено зборуваше и за љубовта и врските.
„Мислиш ли дека си била вистински сакана?“, ја праша 71-годишниот Хауард Стерн. По кратка пауза, таа одговори: „не“, додавајќи дека сепак искусила вистинска љубов кон некого.
„Она што го научив не е дека не може некој да ме сака – туку дека тие не беа способни... Го немаа тоа во себе. И ми дадоа сè што имаа. Ми го дадоа сето тоа, секој пат. Сите прстени, сите нешта што некогаш сум можела да ги посакам. Куќи, прстени, брак и сè тоа. Но, дел од проблемот беше што во тоа време не се сакав себеси“, призна Лопез.
Пејачката се омажи и разведе 4 пати, а последен пат со актерот Бен Афлек. Со поранешниот сопруг Марк Ентони има две деца – близнаците Макс и Ема (17).
„Кога последен пат се разведов, тоа беше најдоброто нешто што некогаш ми се случило, затоа што навистина ме натера да почнам одново. Имав личен тренер, имав брачен терапевт, индивидуален терапевт, имав и тренер за разбирање на зависности. Имав сè. Си реков: ‘Ќе го сфатам ова, па макар и да ме убие’“, изјави таа.
Џеј Ло додаде дека сега има многу поголема самодоверба и дека е посвесна за ситуациите низ кои поминала.
„Сега можам да седам овде со многу повеќе самодоверба, свесна за работите што ми се случиле – било да е поврзано со мајка ми, со татко ми, со мојот сопствен живот, со тоа како сум научила да сакам, како сум се чувствувала занемарено – сите оние нешта што ги носиме во себе како личности – и да знам која сум, и навистина да ја ценам таа личност. Се чувствувам удобно и добро во тоа што сум своја, со сите добри страни и со сите сложени нешта“, објасни таа.
Инаку, Лопез се појави на премиерата на мјузиклот „Kiss of the Spider Woman“ во Њујорк во друштво на поранешниот партнер Бен Афлек, кој воедно е и продуцент на мјузиклот. Сепак, извор близок до пејачката откри дека меѓу нив не постои никаква романтична врска.