„Морав да се спасам себе за да бидам подобра мајка“: Ким Кардашијан никогаш поискрена за бракот со Канје Вест и неговите нервни сломови

Кармин

16/10/2025

08:45

784

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан открила досега непознати детали од бракот и разводот со популарниот рапер Канје Вест.

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан била во брак со раперот Канје Вест од 2014 до 2022 година, а неодамна открила досега непознати детали за својот однос со поранешниот сопруг.

„Имаше многу работи со кои повеќе не можев да се справам“, објаснила Ким во поткастот „Call Her Daddy“.

„Не ми се допаѓаше чувството некој лошо да говори за бабата на моите деца, за тетките – сите тие чувства... Доколку некој така се чувствува, тогаш не треба да бидеме заедно“, открила таа.


Ким Кардашијан се присетиле на своето искуство кога раперот којшто својата дијагноза за биполарно однесување првпат ја споделил во 2016 година, наводно купил и потоа подарил пет автомобили во текот на една од своите епизоди.

„Ќе дојдев дома и сите ги снемуваше. Потоа повторно ќе дојдев дома и во некој друг момент би имале уште пет „Ламборџини“ автомобили, а потоа би се разбудила во друга епизода и сите би исчезнале“, раскажала Ким, па додала:

„Не знаев што ќе добијам кога ќе се разбудам и тоа навистина беше вознемирувачко чувство“, објаснила и додала дека „недостатокот на стабилност било голема работа“.

Таа со Канје има четири деца, но во кризните моменти од бракот не се чувствувала сигурно, ни емоционално ни финансиски.

Нагласила дека не знаела како ќе се справи со сите тие негови испади. Сакала да му биде поддршка и да му помогне, но тој немал волја и работите почнале да се менуваат.

Одлучила да се разведе токму поради децата

„Кога имате деца, дефинитивно е потешко да заминете отколку да останете. Тоа засекогаш го менува сечиј живот“, раскажала Ким додавајќи дека токму децата ја поттикнале да го преземе следниот чекор.

„Морав да се спасам себе за да бидам подобра мајка за сите. Мислам дека кога ќе бидат постари, ќе можат да го разберат тоа“.


Ким спомнала и дека децата се под нејзино полно старателство, но дека ги охрабрува да имаат здрав однос со нивниот татко.

Признала дека поминале неколку месеци откако последен пат се слушнале со него. Објаснила дека пред децата неговата отсутност ја оправдува со неговите патувања и живот во различни земји. Фрустрирана е од наративот дека му забранува да ги гледа децата.

„Тоа никогаш не сум го направила. Не е киднапирање, тоа е развод“, заклучила Ким Кардашијан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk